Брнз: Ветото од Бугарија носи ризик не само за Македонија, туку и за ЕУ

Разочарани сме од ветото на Бугарија поради бројни причини, прво затоа што веруваме дека Северна Македонија беше подготвена да го почне процесот на отворање и затворање на поглавјата со ЕУ, изјави американската амбасадорка во државата Кејт Мари Брнз.

Таа во интервју за Гласот на Америка, вели дека ветото носи ризик не само за Македонија, туку и за ЕУ, како и за прашањата поврзани со процесот на проширување во целина.

– Очигледно е дека бевме многу разочарани од одлуката на Бугарија да го блокира почетокот на пристапниот процес минатата година, и ние ќе продолжиме да правиме тоа што можеме, за да осигураме билатералните прашања да се решаваат преку билатерални канали, и оти добрата волја и постојаните напори што Северна Македонија ги презема за да ги води билатералните разговори со Софија да продолжат на позитивен начин, одвоено од политичката реторика. Има држави кои не ги делат истите визии за Северна Македонија во Европа, и кои не ги делат вредностите за Европа, како слободна и обединета, каде има долготраен мир и стабилност. Тие можеби ќе гледаат да ја искористат ситуацијата за нивен стратешки интерес. Јасно е дека Русија и Кина не ја делат таа визија и мислам дека ова е нешто што сите треба да го имаат предвид. Затоа е особено важно пристапниот процес во ЕУ да се движи напред што е можно побрзо, вели амбасадорката Брнз.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега