Брнз: Тажни сме поради ужасните настани синоќа во Ковид болницата во Тетово

 

Амбасадорката на САД во Скопје Кејт Мари Брнз изрази сочувство за настраданите во синоќешниот пожар во модуларната Ковид болница во Тетово.

– Тажни сме поради ужасните настани синоќа во Ковид болницата во Тетово. Мое сочувство до семејствата на оние што го загубија животот, како и до повредените. Моите мисли се со вас и со сите во Тетово погодени од оваа трагедија, напиша амбасадорката Брнз на Твитер.

09.09.2021 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега