Брнабиќ: Им благодарам на руските служби кои имаа информации за тоа што се подготвува во Србија и ги споделија со нас

Српската премиерка Ана Брнабиќ вели дека руските безбедносни служби имале информации за подготовка на немири во Србија. Во гостувањето на Пинк им се заблагодари што ги споделиле информациите со нивните српски колеги.

-Ова веројатно нема да биде популарно кај оние од Западот, но особено вечерва чувствувам дека е важно да се брани Србија и да им се заблагодарам на руските безбедносни служби кои ги имаа овие информации и ги споделија со нас, рече Брнабиќ.

Рече дека српските државни власти потоа ја споделиле таа информација со други претставници на меѓународната заедница, кои ја отфрлиле како руска дезинформација.

-Сите останати велеа дека тоа е дистрибуција на лажни вести, изјави Брнабиќ коментирајќи ја утрешната средба меѓу претседателот на Србија Александар Вучиќ и амбасадорот на Русија во Белград Александар Бочан-Карченко.

Русија будно ги следи состојбите во Србија. Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова вели „Западот има голема желба да го спроведе Мајдан во Србија и на Балканот“.

-Сите овие наводни собири воопшто не се собири, туку едноставно изнесување на луѓето на улица за постигнување цели кои не се во согласност со демократските процеси и за промовирање на западните интереси со помош на противуставни средства кои се во спротивност со внатрешните закони. Сето ова укажува дека Западот има голема желба да го спроведе Мајдан на Балканот, а до што води тоа најдобро се гледа на примерот на Украина, како модел како не треба да работи ниту народот, ниту државата, рекла Захарова на брифинг со новинарите.

25.12.2023 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега