Брнабиќ и српската Влада изразија сочуство до фамилииите и граѓаните на Македонија

Во име на Владата на Република Србија и во мое лично име, упатувам најискрено сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на  Македонија, напиша српската премиерка Ана Брнабиќ на својот Твитер профил, јави дописникот на МИА од Белград.

-Со голема болка ја примивме веста за трагедијата што ја погоди вашата земја. Ова е многу тажен ден и граѓаните на Србија се со вас во овие тешки моменти, напиша Брнабиќ на Твитер.

Српскиот претседател Александар Вучиќ покрај телефонскиот разговор со премиерот Зоран Заев, во кој, како што сооппштија од неговиот кабинет изрази сочуство и понуди „секаква братска помош“, исто така, тој изрази сочувство и на својот Твитер профил до семејствата на жртвите во Тетово и на граѓаните на Северна Македонија.

-Бев крајно погоден од веста за пожарот во болницата во Тетово. Споделуваме голема болка со луѓето од Северна Македонија, подготвени да пружиме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија, а на повреденети брзо се опоравување, напиша Вучиќ на Твитер.

09.09.2021 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега