Вчера во 16:00 часот, во селото Требеништа, општина Дебрца, полициските службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид, од слобода ги лишија А.А.(20) и Ј.Ј.(24), двајцата од Охрид. Претходно, на регионалниот пат Охрид-Струга, полициски службеници сопреле патничко моторно возило „поло“ со охридски регистарски ознаки управувано од Е.О. од Охрид во кое приведените биле сопатници.
Откако возачот ги забележал полициските службеници, ја зголемил брзината на движење во насока кон полициските службеници и го напуштил местото на настанот. По преземени мерки, А.А. и Ј.Ј. биле затекнати во село Требеништа, каде и беа лишени од слобода.
По извесно време, со возило „фолксваген туран“ пристигнал Е.О. и повторно со голема брзина го насочил возилото кон полициските службеници по што, избегал.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот по што, поради сомнение за сторени кривични дела по член 215 и 383 од Кривичниот законик, против нив, ќе бидат поднесени кривични пријави.
- Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
- Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
- Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
- Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
- Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
- Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
- Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
- Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки

