Британскиот сој за само десетина дена за повеќе од двојно го зголеми бројот на хоспитализации

За десетина дена за повеќе од двојно се зголемил бројот на хоспитализирани ковид-пациенти на Клиниката за неврологија.

Директорот на клиниката, д-р Иван Барбов во гостувањето во Дневникот на Сител рече дека бројката се зголемила од 12 на 28.

-Сега овој нов бран што се појави веројатно поради новата британска мутација која е повирулентна направи голем пораст како на бројот на инфицирани луѓе, така и на бројот на хоспиталзациите, рече Барбов.

Сепак, тој вели дека засега не се забележани потешки клинички случаи. Причината за тоа е што луѓето со тешка здравствена состојба се лекуваат на Инфективната клиника и Градската општа болница „8-ми Септември“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега