Британски служби: Русија загуби една третина од копнените сили во Украина

 

Веројатно е дека Русија загуби една третина од копнените сили што ги испрати во Украина, велат британските разузнавачи во новиот извештај што го објави британското Министерство за одбрана.

Во извештајот, исто така, се наведува дека руската офанзива во Донбас, источното индустриско срце на Украина, „изгубила динамика и е значително зад распоредот“. Се додава дека всушност, во текот на изминатиот месец, Русија „не успеала воопшто да постигне значителни територијални придобивки“.

„ Руските сили се сè повеќе ограничени поради деградираните способности, континуирано нискиот морал и намалената борбена ефикасност. Малку е веројатно дека Русија драматично ќе ја забрза својата стапка на напредување во следните 30 дена“, се вели во извештајот.

15.05.2022 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега