Британецот кој се обиде да ја отвори вратата од авионот нападнал и полицајци

 

 

Британскиот државјанин кој во петокот се обидел да ја отвори вратата на авионот кој полетувал од аеродромот во Задар, се сомничи за напад врз службено лице и нарушување на јавниот ред и мир.

Хрватската полиција ја заврши кривичната истрага и објави дека се работи за 27-годишен британски државјанин.

Тој во петокот вечерта на аеродромот Задар во Земуник на особено дрзок и непристоен начин го нарушил јавниот ред и мир, поради што е приведен на местото на настанот и спроведен во службените простории на полицијата за спроведување кривична истрага, соопштија од полицијата.

Тој вчера со обвинителен акт за сторен прекршок против јавниот ред и мир е спроведен во Кривичниот оддел при Општинскиот суд во Задар.

Дваесет и седумгодишникот цело време пружал активен отпор на полицијата додека го носеле на суд, поради што против него биле употребени присилни мерки.

Поради расеаната состојба, тој од судот бил испратен во болница, каде во службеното возило, како и во болничките простории физички нападнал полициски службеници и се обидел да се самоповреди. Еден од полицајците се здобил со полесни повреди.

По завршувањето на кривичната истрага, 27-годишниот осомничен синоќа со кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело принуда врз службено лице е предаден на притворниот надзорник на полициската управа Задар, која е доставена до надлежниот државен правобранител во Задар, пишува задарската полиција.

02.07.2023 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега