Бремена тинејџерка загинала од струен удар кога се обидела да го наполни мобилниот телефон во Бразил

 

Бремена тинејџерка доживеала струен удар кога се обидела да го наполни телефонот по бањањето.

17-годишната Џенифер Керолајн загинала во трагичен инцидент во Бразил.

 

Според локалните медиуми, нероденото дете не го преживеало инцидентот.

 

Откога сопругот на жртвата повикал брза помош, екипите веднаш реагирале, но тинејџерката била пронајдена мртва.

 

Сопругот на жртвата, кој бил во куќата и бил сведок на сцената, рекол дека неговата сопруга штотуку излегла од бањата и се обидела да го наполни својот телефон.

 

Таа користела продолжен кабел за напојување на мобилниот телефон, но во трагичната несреќа доживеала струен удар.

 

Сопругот спомнал дека слушнал невообичаено силен шум и вресок од сопругата.

 

Потоа рекол дека се упатил кон неа и ја нашол во несвест на земјата.

 

Тој рекол дека се обидел да ѝ помогне на Џенифер и дека исто така добил струен удар.

 

Шефот на полициската станица Кампина Гранде, изјавил дека случајот во моментот се третира како несреќен случај.

 

Сепак, началникот на полицијата рекол дека стандардната процедура налага по инцидентот, да се поведе истражен протокол.

 

 

21.08.2023 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега