Брачен пар во Русија изградил пирамида: 19 пати е помала од тие во Гиза, а откриле и зошто ја направиле (ВИДЕО)

Руската брачна двојка Андреј и Викторија Вакхрушева решила да изградат вистинска пирамида на својот имот во селото Истинка кај Санкт Петербург по примерот на египетските во Гиза.

Vintage News пишува дека соседите биле изненадени кога го виделе завршувањето на проектот на брачната двојка, која секогаш била фасцинирана од цивилизацијата на древен Египет.

Андреј и Викторија неколкупати ја посетувале Гиза за да ги видат познатите монументални пирамиди со свои очи. Откако се вратиле во својата татковина, тие минатата година решиле да направат копија од најголемата пирамида на Кеопс во сопствениот двор, се разбира, со помали димензии.

Сега, во нивниот двор има пирамида висока девет метри со страни во дожина од 13 метри. За изградба на пирамидата е користен првенствено бетон со тежина од 400 тони. Ентериерот на пирамидата сè уште не е целосно уреден, но дури и сега е доволно интересен за посетителите кои се подготвени да платат 50 долари за да поминат време во нејзините одаи и да медитираат, пренесува „Кликс“.

Оваа пирамида е 19 пати помала од оригиналната во Гиза и е делумно под нивото на земјата (девет метри), а во неа има и саркофаг.

Андреј и Викторија не планираат да престанат по завршувањето на пирамидата. Имено, тие веќе прават план за египетски храм во својот двор, кој ќе биде поврзан со пирамидата со тунел.

Нивниот прв сосед, Александар Пустошински, ги опишува како добри соседи и дека нивните необични постапки биле инспиративни за сите жители на селото.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 09:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега