Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска денеска се обрати на настанот „Соларен ден – чиста енергија во пракса“, организиран од Агенцијата за иновации и научно- технолошки развој и претприемништво – ИНОВА, по повод 26 јануари –
Меѓународниот ден на чистата енергија.
Во своето обраќање, министерката Божиновска истакна дека одбележувањето на Меѓународниот ден на чистата енергија претставува силен потсетник за заедничката одговорност, но и за стратешката можност што ја има државата во процесот на енергетската транзиција кон одржлив, сигурен и модерен енергетски систем.
„Соларната енергија денес е еден од најважните столбови на националната енергетска транзиција. Македонија има сериозен сончев потенцијал и наша јасна стратешка определба е тој потенцијал да го искористиме максимално – преку стабилна регулаторна рамка, поддршка на инвестициите и активна улога на државата“, нагласи Божиновска.
Таа посочи дека изминатата година е забележан значителен раст на фотоволтаичните капацитети, како резултат на зголемениот интерес и од инвеститорите и од граѓаните, што ја потврдува довербата во соларната енергија како исплатливо и одржливо решение. Министерката нагласи дека Министерството не е само регулатор, туку активен двигател на
процесите, со фокус на државни инвестиции во соларни капацитети, системи за складирање на енергија и стратешко планирање на декарбонизацијата.
Во обраќањето беше истакната и важноста на партнерството со приватниот сектор, академската заедница и граѓаните, како неопходен предуслов за успешна и праведна енергетска транзиција.
„Енергетската транзиција не е проект на една институција. Таа е заеднички процес кој бара соработка, знаење и визија. Само така можеме да изградиме модерен, сигурен и одржлив енергетски систем кој ќе обезбеди подобар квалитет на живот и почиста животна средина“,
порача министерката Божиновска.
Настанот „Соларен ден – чиста енергија во пракса“, кој се одржа во Europe House, вклучи едукативна сесија и панел-дискусија за можностите и предизвиците на соларната енергија во Македонија, со учество на претставници од институции, академската заедница и компании од енергетскиот сектор.
Актуелно
- ВМРО-ДПМНЕ: Соопштенијата на СДСМ се пишуваат во Србија, Башановиќ им ги откри картите
- Протекоа 149 милиони лозинки – Вашите Gmail, Instagram и Netflix се во опасност
- Муцунски алармира: ЕУ тарифите за челик и превозниците ќе нè чинат шест пати повеќе од парите од Планот за раст
- Лоши вести за возачите: Нафтата на светските берзи незапирливо расте
- Руте со предупредување: Украина се соочува со најтешката зима
- Се обидел да убие куче скитник, па го погодил неговиот брат: Сериозен инцидент го потресе регионот
- Вучиќ со неочекувана исповед: Ме остави девојка на 16 години, истото ѝ се случува на Европа со Америка
- Се урна авион во САД – само едно лице преживеа

