Close Menu
Press24
    Најново

    Божиновска: Скопје расте – енергетскиот систем мора да го следи, нови инвестицииза стабилност и сигурна мрежа

    27.03.2026 во 15:04

    Хаос во сообраќајот: 10 приведени возачи низ државата, во Крива Паланка нападнат полицаец при апсење

    27.03.2026 во 14:42

    Голема полициска акција во скопско: Претреси во Арнакија, Буковиќ и Сарај – паднаа апсења за дрога

    27.03.2026 во 14:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска: Скопје расте – енергетскиот систем мора да го следи, нови инвестицииза стабилност и сигурна мрежа
    • Хаос во сообраќајот: 10 приведени возачи низ државата, во Крива Паланка нападнат полицаец при апсење
    • Голема полициска акција во скопско: Претреси во Арнакија, Буковиќ и Сарај – паднаа апсења за дрога
    • (ФОТО) Скандал на Табановце: Во автобус на „Дурмо Турс“ откриени 580 куршуми сокриени меѓу пакувања кафе
    • Скопје добива „метро на тркала“: Ѓорѓиевски ги презентираше трасите за новиот БРТ систем
    • Хорор на Клинички: Пациент двапати се обидел со автомобил да прегази вработена на Трансфузиологија
    • Страшна несреќа ја потресе Македонија: Автобус кој превезувал ученици прегази 16-годишно девојче пред училиште
    • Тетовчанец на 78 години заврши зад решетки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Скопје расте – енергетскиот систем мора да го следи, нови инвестицииза стабилност и сигурна мрежа

    Божиновска: Скопје расте – енергетскиот систем мора да го следи, нови инвестицииза стабилност и сигурна мрежа

    27.03.2026 во 15:043 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска се обрати на свеченото отворање на новата 100/35 kV трафостаница „Централна“ во Скопје – инвестиција на ЕВН, на настан на кој, покрај раководството на компанијата, присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, заменик-претседателот на Владата, Александар Николоски, како и претставници од енергетскиот сектор, институции и компании.

    Во своето обраќање, министерката ја истакна улогата на стратешките инвестиции во јакнењето на стабилноста и сигурноста на енергетскиот систем, потенцирајќи дека ваквите проекти се од суштинско значење за одржливиот развој на државата.

    „ Скопје се развива динамично, а со тоа расте и потребата од модерна, отпорна и стабилна енергетска мрежа. Постоечките трафостаници во овој дел од градот се изградени пред повеќе од четири децении и одамна го надминуваат капацитетот за кој биле проектирани.

    Ваквите инвестиции се директен одговор на растечките потреби на граѓаните и економијата. Оваа трафостаница е поставена токму таму каде што најмногу беше потребна – во зона со интензивен урбан развој, нови потрошувачи и мрежа која веќе го достигнуваше својот максимум.

    „Централна“е решение кое го надминува тесното грло во системот и создава простор за понатамошен урбан развој, но пред сè – за сигурност и стабилност во секојдневниот живот на граѓаните.“, нагласи Божиновска.

    Таа посочи дека Министерството има јасна визија и поставени приоритети насочени кон модернизација на енергетската инфраструктура и создавање систем кој ќе може да одговори на современите предизвици.

    „Министерството за енергетика останува силно посветено на модернизација на критичната инфраструктура, јакнење на сигурноста на снабдувањето и изградба на отпорен енергетски систем кој ќе ги следи новите технологии и динамиката на урбаниот развој“, истакна таа.

    Министерката подвлече дека енергетскиот сектор бара координиран пристап и партнерство меѓу државата, компаниите и стручната јавност.

    „Денешниот настан е доказ дека резултатите доаѓаат кога постои силна соработка. Само преку заеднички ангажман можеме да обезбедиме долгорочна енергетска стабилност и сигурност за граѓаните“, рече Божиновска.

    Во контекст на развојот на Скопје, таа потенцираше дека вложувањата во енергетската мрежа се предуслов за понатамошен економски и урбан раст.

    „Создаваме систем кој не само што ги задоволува денешните потреби, туку отвора простор за идниот развој – посовремен, поотпорен и поефикасен енергетски систем за сите граѓани“, додаде министерката.

    Новата трафостаница претставува значајна инвестиција во вредност од 22 милиони евра и е дел од пошироките напори за зајакнување на електроенергетската инфраструктура, со што се овозможува стабилно снабдување во централното градско подрачје и поддршка на понатамошниот развој на главниот град.

    Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини останува фокусирано на политики и проекти кои обезбедуваат сигурен, модерен и одржлив енергетски систем, во интерес на граѓаните и економијата.

    Популарно

    Божиновска: Скопје расте – енергетскиот систем мора да го следи, нови инвестицииза стабилност и сигурна мрежа

    27.03.2026 во 15:04

    Хаос во сообраќајот: 10 приведени возачи низ државата, во Крива Паланка нападнат полицаец при апсење

    27.03.2026 во 14:42

    Голема полициска акција во скопско: Претреси во Арнакија, Буковиќ и Сарај – паднаа апсења за дрога

    27.03.2026 во 14:39

    (ФОТО) Скандал на Табановце: Во автобус на „Дурмо Турс“ откриени 580 куршуми сокриени меѓу пакувања кафе

    27.03.2026 во 14:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.