Close Menu
Press24
    Најново

    Божиновска потпиша Меморандум со САД – енергијата станува клуч на стратешкото партнерство и ја позиционира Македонија на новониво

    08.04.2026 во 10:12

    ЈСП со важно известување за граѓаните: Жичницата на Водно денеска е надвор од функција

    08.04.2026 во 10:07

    ДЗС се подготвува за летото: Ангелов во потрага по нови пилоти за „ер тракторите“, авионите се враќаат од сервис

    08.04.2026 во 09:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Божиновска потпиша Меморандум со САД – енергијата станува клуч на стратешкото партнерство и ја позиционира Македонија на новониво
    • ЈСП со важно известување за граѓаните: Жичницата на Водно денеска е надвор од функција
    • ДЗС се подготвува за летото: Ангелов во потрага по нови пилоти за „ер тракторите“, авионите се враќаат од сервис
    • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев земал 4 милиони евра од Дака за „бетонската џунгла“ во Тетово
    • Акција на Богородица: Спречен шверц на над 12 тони овошје и зеленчук вредни 1,4 милиони денари
    • Крвав инцидент во Бутел: Татко и двајца синови нападнаа вработени во гробиштата со пиштол и нож
    • Сиљановска-Давкова: Реалниот ромски живот е далеку од правните гаранции
    • Цената на нафтата драстично падна – поевтини за речиси 20%
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска потпиша Меморандум со САД – енергијата станува клуч на стратешкото партнерство и ја позиционира Македонија на новониво

    Божиновска потпиша Меморандум со САД – енергијата станува клуч на стратешкото партнерство и ја позиционира Македонија на новониво

    08.04.2026 во 10:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на официјалната посета на висока владина делегација на Соединетите Американски Држави, министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска потпиша Меморандум за разбирање со САД за унапредување на безбедноста на снабдувањето со природен гас.

    Потпишувањето се реализира во Вашингтон, како дел од стратешкиот дијалог со САД,
    клучна платформа за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Дијалогот ги опфаќа најважните области за развој – енергетика, економија, безбедност и технологија.

    Божиновска меморандумот го потпиша со заменик-државниот секретар на САД, Кристофер Ландау. Заеднички став е дека постои јасен потенцијал за интензивирање на соработката, со фокус на проекти кои ќе донесат конкретни резултати и ќе придонесат за економски развој и енергетска сигурност на двете земји.

    Меморандумот ја потврдува заедничката заложба за: диверзификација на изворите и
    рутите за снабдување со природен гас, зголемување на отпорноста на енергетскиот систем,
    обезбедување стабилен, сигурен и достапен гас за државата, јакнење на регионалната
    поврзаност и интеграција на пазарите.

    Документот предвидува и конкретни чекори за развој на инфраструктурата, подобрување на транспарентноста на пазарите на гас, со што се отвора можност за користење на јавни и приватни финансиски инструменти, вклучително и поддршка од меѓународни финансиски институции и извозни кредитни агенции. Фокусот на разговорите е јасен – енергетска
    безбедност, економска соработка и конкретни проекти што носат стабилност, инвестиции
    и развој.

    Со овој договор, Македонија ја зацврстува својата позиција во регионалните енергетски
    текови, со јасна ориентација кон поврзување со европските пазари, што директно придонесува за економска стабилност и долгорочен развој.

    Во рамки на Стратешкиот дијалог, министерката Божиновска учествуваше на повеќе
    тематски сесии и реализираше билатерални средби со високи претставници на
    американската администрација.

    Ден претходно Божиновска оствари билатерална средба во Белата куќа, со Jarrod Agen,
    Заменик-советник на претседателот Доналд Трамп и извршен директор на Националниот
    совет за енергетска доминација на САД. На средбата беа разменети ставови за унапредување на двостраната соработка во енергетскиот сектор, а искуството на Аген и неговото познавање на глобалните енергетски текови претставуваат важна основа за развој на идни партнерства и проекти.

    Министерката Божиновска ја истакна подготвеноста за продлабочување на соработката и реализација на конкретни иницијативи, нагласувајќи дека партнерството со САД претставува значаен фактор за долгорочна стабилност и развој на енергетскиот сектор.

    Овој чекор претставува силна потврда за стратешкото партнерството со САД и јасен сигнал дека државата се позиционира како кредибилен и активен чинител во регионалната енергетска архитектура.

    Популарно

    Божиновска потпиша Меморандум со САД – енергијата станува клуч на стратешкото партнерство и ја позиционира Македонија на новониво

    08.04.2026 во 10:12

    ЈСП со важно известување за граѓаните: Жичницата на Водно денеска е надвор од функција

    08.04.2026 во 10:07

    ДЗС се подготвува за летото: Ангелов во потрага по нови пилоти за „ер тракторите“, авионите се враќаат од сервис

    08.04.2026 во 09:52

    ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев земал 4 милиони евра од Дака за „бетонската џунгла“ во Тетово

    08.04.2026 во 09:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.