Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата
    • Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи
    • Поднесени две кривични пријави за Лотарија: Финансиска полиција објави детали за акцијата
    • Едната ја тепала, другата ја снимала со мобилен: Малолетничка нападната во Аеродром
    • ФЗО го скрати боледувањето од матичен лекар на пет дена
    • МПЦ против кратење на празниците – празникот не е само слободен ден
    • Јаневска: сите реформи се итни – работиме на подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со пазарот на труд
    • ГАЛЕРИЈА: Пред 2-3 дена се вселија а веќе почнаа да го уништуваат новиот студентски дом Стив Наумов
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска: Новите закони за геологија и рударство ќе обезбедат економски развој и висока заштита на животната средина

    Божиновска: Новите закони за геологија и рударство ќе обезбедат економски развој и висока заштита на животната средина

    15.09.2026 во 15:041 Min Read
    ФОТО: Принтскрин
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, порача дека целта на новата законска рамка не е само формално усогласување со европското законодавство, туку креирање функционален и современ закон што ќе гарантира правна сигурност и одговорни инвестиции.

    Ова беше истакнато на презентацијата на резултатите од независната експертска ревизија на предлог-законите за геологија и за рударство, која потврди дека решенијата се всеопфатни и усогласени со најдобрите меѓународни практики.

    „Рударството треба да биде двигател на економскиот развој, но придобивките од инвестициите мора да бидат пошироки – за државата, за економијата, за локалната самоуправа и, пред сè, за граѓаните. Затоа инсистираме на систем во кој ќе има и развој и заштита, и инвестиции и одговорност, и ефикасни процедури и високи стандарди“, нагласи Божиновска.

    Ревизијата ја изработија проф. д-р Вјечеслав Боханек и меѓународната експертка Кристи Дизни Брукнер, во соработка со организацијата „Нов трет пат“ и надлежните институции. Според анализата која опфати компарации со законодавствата на шест земји от ЕУ, македонскиот модел воспоставува современа рамка со посебен фокус на критичните минерални суровини, заштитата на животната средина и управувањето со рударскиот отпад.

    Прочитај повеќе

    Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата

    06.10.2026 во 15:31

    Пијани, бесни и без возачка: Во една ноќ полицијата приведе осум возачи

    06.10.2026 во 14:54
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.