Close Menu
Press24
    Најново

    „Зошто замина толку рано“: Пејачот Јоце Панов се прости од починатиот Елвис Мекиќ

    19.08.2026 во 10:49

    Наскоро споен викенд – Временска прогноза за трите дена одмор

    20.08.2026 во 10:05

    Ќе нема вода – Водовод најави исклучувања на неколку скопски улици

    21.08.2026 во 09:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом – ја нападнал роднина
    • Најмалку 15 загинати и 130 повредени во руски напад со дрон врз трговски центар во Кривиј Рог
    • Малолетник возел мотоцикл и паднал, тешко е повреден
    • Мисајловски: Секој војник со 45 години ќе има можност да остане во МО, да замине во друга институција или да си земе отпремнина
    • ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се плаши од избори
    • Филипче: Стандардот тоне, цените се до плафон, луѓето не можат да преживеат
    • Украина бара одобрение од Маск за дронови со Starlink против руски балистички ракети
    • САД ќе префрлат 725 милиони долари кон ОН, Вашингтон должи милијарди
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Божиновска на „Berlin Global Dialogue“: Концептот на енергетска безбедност денес суштински се менува

    Божиновска на „Berlin Global Dialogue“: Концептот на енергетска безбедност денес суштински се менува

    24.10.2025 во 15:393 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска учествуваше на еден од највлијателните глобални форуми „Berlin Global Dialogue 2025“, што оваа година се одржува под мотото „Shifting Power, Shaping Prosperity“. Форумот е насочен кон тоа како новата мултиполарна реалност може да создаде стабилен и одржлив глобален развој, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини.

    Божиновска во своето обраќање нагласи дека концептот на енергетска безбедност денес суштински се менува – од фокус на количина и извор на енергија, кон отпорни и зелени системи што обезбедуваат долгорочна стабилност.

    – Енергетската безбедност повеќе не значи само количина и извор на енергија. Денес тоа е прашање на отпорност, диверзификација и транзиција кон почисти, поодржливи извори. Геополитичките промени нѐ научија дека зависноста од еден снабдувач претставува сериозен ризик. Затоа нашата стратегија е јасна – поврзување со повеќе пазари, изградба на интерконектори и зајакнување на стабилноста, дури и во услови на глобална неизвесност, изјави министерката.

    Таа се осврна и на конкретните активности што државата ги презема во насока на енергетска независност и одржливост – диверзификација на снабдувањето со гас преку интерконекторот со Грција, подготовка на инфраструктура за транспорт на водород, зголемување на производството од Сонце и ветер, модернизација на преносната мрежа и инвестиции во складирање и дигитализација.

    – Нашата визија е едноставна, но амбициозна – енергетски систем што е доволно флексибилен за да ги апсорбира глобалните шокови, доволно зелен за да обезбеди одржливост и доволно стабилен за да гарантира достапна енергија за сите, вели Божиновска.

    Во однос на рамнотежата меѓу безбедност, достапност и одржливост, министерката нагласи дека овие цели не се меѓусебно исклучени, туку меѓузависни.

    – Не станува збор за избор меѓу безбедност, достапност или одржливост, туку за тоа како ги поврзуваме овие цели. Тоа бара стратегија, долгорочни инвестиции и пред сè – соработка. Ниту една земја не може сама да ги реши глобалните енергетски предизвици, но заедно можеме да изградиме посилни и поотпорни системи, рече Божиновска.

    Го посочи и значењето на вештачката интелигенција во енергетиката оценувајќи дека таа претставува потенцијал за подобра ефикасност.

    – Вештачката интелигенција може да ја зајакне отпорноста на системот – преку попрецизно предвидување на побарувачката, оптимизација на производството и подобра интеграција на обновливите извори. Ако се користи мудро, таа ќе ни овозможи да сме поефикасни и поподготвени за иднината, посочи министерката.

    „Berlin Global Dialogue“ е глобална платформа основана со цел да поттикнува дијалог меѓу носителите на економски и политички одлуки, академската заедница и бизнис-секторот. Форумот е познат по своите учесници од највисоко ниво – меѓу кои и францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и извршниот директор на BlackRock, Лери Финк.

    – Да ја претставуваме Македонија таму каде што се зборува за иднината на енергијата и глобалниот развој е чест и одговорност. Овие разговори не се само за иднината на енергијата – тие се за иднината на економијата, на стабилноста и на светот што го оставаме на следните генерации, нагласи Божиновска.

    Прочитај повеќе

    Натепана 80 годишна жена во сопствениот дом – ја нападнал роднина

    21.08.2026 во 22:25

    Малолетник возел мотоцикл и паднал, тешко е повреден

    21.08.2026 во 21:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.