Инвестициите во енергетска ефикасност и обновливи извори подразбираат предвидливи правила, дигитализирани и стандардизирани постапки и инструменти за де-рискирање што го катализираат приватниот капитал преку локалните банки. Ова се клучните приоритети кои Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМС) ги поставува како непосредна агенда на панелот „Financing Energy Efficiency and Renewable Energy“, во рамките на 14-тиот Меѓународен форум за енергија за одржлив развој – IFESD- 14, одржан под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија“.

Форумот се огранизира во партнерство УНДП, и петте комисии на ОН, а фокусот е од идеи да се создадат финансиски портфолија преку стандардна документација, агрегирање на помали иницијативи и предвидливи рокови за дозволи и приклучок кон мрежата, со силни стандарди за мерење, известување и верификација на резултатите.

Денешниот панел ја става ги фокус меѓународните финансиски институции и новите финансиски механизми за поддршка на приватниот сектор со цел заштеда на трошоци и зајакнување на ефикасната зелена транзиција. Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска нагласи дека финансиските модели мора да се усогласат со реалните потреби на домаќинствата, малите и средни претпријатија и индустријата.

„Јасни критериуми, транспарентно следење на резултати и стабилна, предвидлива регулатива се предуслов за доверба на инвеститорите. МЕРМС веќе работи на ажурирање на законската и подзаконската рамка за енергетска ефикасност и обновливи извори, на поедноставување и дигитализација на административните постапки, на појаснување на процедурите и роковите за приклучок кон мрежата, како и на проширување на пристапот до поволни кредити и мешовито финансирање во соработка со меѓународните финансиски институции и локалните банки“, рече во воведното обраќање министерката Божиновска.

Програмата на IFESD-14 е ориентирана кон практични решенија и мерливи резултати.

„Секое евро вложено денес во енергетска ефикасност и обновливи извори е инвестиција во поздрава заедница, поконкурентни бизниси и стратешка отпорност утре. Со усогласени правила, финансирање и имплементација, амбициите ги претвораме во проекти што мерливо ги намалуваат сметките и емисиите,“ дополни министерката Божиновска.

Во воведниот дел се обрати и Рита Колумбија, постојаната координаторка на Обединетите нации во Македонија, која потенцираше дека потребни се конкретни модели што го катализираат капиталот со цел да се остане на трасата за декарбонизација.

Exit mobile version