Босна и Херцеговина побара итен пристап во ЕУ
Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ денеска побара од претставниците на Европската унија на Босна и Херцеговина веднаш да и дадат статус на кандидат.
Турковиќ го упати овој апел откако неколку други земји ги поставија истите барања по руската инвазија на Украина.
– Во овие тешки и неизвесни времиња за безбедноста на Европа, ве молиме веднаш да и доделите на Босна и Херцеговина статус на кандидат за членство во Европската унија, напиша Турковиќ на Твитер, пренесува Кликс.
Како што нагласи таа, влезот во Европската унија гарантира мир и стабилност во Босна и Херцеговина и на Западен Балкан. Претходните денови Украина прво аплицираше за членство во Европската унија по итна постапка, а потоа Грузија и Молдавија. Европскиот парламент препорача Украина да добие статус на кандидат по итна процедура, а лидерите на ЕУ би можеле да разговараат за тоа на самитот следниот месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа