Босански фудбалер ѝ се додворувал на една девојка, па добил ќотек од нејзиното момче (ФОТО)

 

Фудбалерот Огњен Врањеш повторно се најде во центарот на вниманието откако направил скандал во кафуле во центарот на Бања Лука, соопштија босанските медиуми.

Според информациите, една девојка му се пожалила на своето момче дека поранешниот репрезентативец на БиХ и дофрлал и и се удварал, по што тој дошол во локалот и го истепал Врањеш. Истиот извор пренесува дека фудбалерот не го пријавил случајот во полиција, но дека инспекторите знаат се за овој случај.

Пред неколку години, Врањеш беше во „шема“ со познатата српска пејачка Јелена Карлеуша, нивните фотографии излегоа и во јавноста, но двајцата тврдеа дека се работи за монтажа.

 

08.06.2022 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега