Босанец украл пари од хрватска компанија и купил биткоини – денес вредат 907 милиони евра

Босанец украл пари од хрватка компанија и купил биткоини кои денеска вредат 907 милиони евра.

Општинското државно обвинителство во хрватскиот град Вараждин го товари 26-годишниот државјанин на БиХ дека измамил компанија од Лудбрег пред три години.

Како што се наведува, тој потоа купил крипто-валути со украдените пари, кои денеска вредат околу 6,8 милијарди куни (над 907 милиони евра), пренесува „Вечерњи лист“.

Босанецот создал лажна банкарска страница на компјутерот на компанијата од Лудбрег, во која компанијата имала отворена сметка. Добил ПИН и направил две трансакции со кои префрлил еден милион куни (133,4 илјади евра) на неговата сметка.

Со тие пари, купил 22 илјади биткоини, кои денес вредат околу 6,8 милијарди куни (907,6 милиони евра).

Купената сума била потврдена и од окружното државно обвинителство во Вараждин.

„ Да, станува збор за 22 илјади биткоини, како што е напишано во обвинението. Станува збор за државјанин на БиХ, кој е недостапен за хрватското судство”, изјави за заменик окружниот државен адвокат во Вараждин, Дарко Галиќ.

Макфакс

06.09.2021 - 10:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега