Борисов: „Францускиот предог“ е најдобар, кукавицата Петков нека не се плаши
Лидерот на ГЕРБ и поранешен премиер на Бугарија, Бојко Борисов даде „зелено светло“ за „Францускиот предлог“ за надминување на спорот со Македонија.
„Разговарав со пратениците на ГЕРБ и ги замолив да дадат поддршка за предлогот. Сведоци сме на тоа дека премиерот Кирил Петков е кукавица и лажно, но не треба да се плаши. Имам доверба во претседателот Макрон и Европската комисија“, кажа Борисов.
Исто така, Борисов се заблагодари на БПЦ за одлуката за признавање на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија.
22.06.2022 - 10:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа