Борел: Западен Балкан ќе добие 651.000 вакцини на Фајзер

 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност и потпретседател на Европската комисија Жеозеп Борел потврди дека Западен Балкан ќе добие 651.000 дози од вакцината на Фајзер, од кои најмногу дози – 214.000, ќе добие Босна и Херцеговина.

Станува збор за набавка на вакцини преку Европската комисија, а под координација на Австрија.

Според медиумите во БиХ, ова било кажано за време на разговорите на високиот претставник на ЕУ со членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ.

Членовите на Претседателството на БиХ и високиот претставник на ЕУ Борел разговараа за актуелната политичка состојба во регионот на Западен Балкан.

Западен Балкан ќе биде една од главните теми на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ, што ќе се одржи на 10 мај во Брисел.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2021 - 10:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега