Болсонаро уверен: Короната е можеби биолошко оружје, заклучувањето на државите е лудо

Новиот вид пандемија Ковид 19 може да биде резултат од протекување на вештачки произведениот вирус од воената лабораторија, изјавил претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро во текот на разговорот со своите сопартијци.

„Не можам да тврдам, но вистина е дека земјите се подготвуваат за војни, се вооружуваат со бомби. Војната може да биде нуклеарна или биолошка. Научниците се преплетуваат со вирусите и лабораториите, можеби од една од нив протекол вирусот“, рекол бразлискиот претседател, одговарајќи на прашањето дали смета дека пандемијата е измислена за да ја уништи економијата во многу земји.

Исто така рекол дека е „лудо“ што државите повторно се затвораат поради спречување на ширење на вирусот.

Претходно бразилскиот лидер повеќе пати изрази сомнеж во поглед на пандемијата и нејзината опасност за луѓето. Според неговот мислење, размерите на Ковид 19 се преувеличени во медиумите, а самиот вирус претставува опасност само за луѓето со слабо здравје и постарите. Исто така рекол дека е противник на карантинот.

Шефот на државата тврдел дека воспоставените ограничувања ќе имаат катастрофални последици по економијата и ќе ја зголема невработеноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.10.2020 - 08:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега