Болките во жолчката повеќе нема да ве мачат: Стручни совети за здраво жолчно ќесе, без тегоби и напади

 

Со камен во жолчката може да се живее, но треба да се внимава на исхраната и да се изберат намирници кои не ја влошуваат состојбата и не предизвикуваат напади. Се препорачува исхрана богата со намирници кои содржат влакна, свежо овошје и зеленчук, грав, грашак, житарки и намирници кои се сиромашни со масти.

За да се избегнат напади на жолчката, за кои се карактеристички остри болки, треба да се искчучи мрсната храна и намириниците кои се полни со холестерол, како жолчка од јајце и џигер.

Основно е исхраната да има мала количина на масти. Оброците треба да бидат чести, од пет до шест дневно, во помала количина, со задолжителен појадок. После оброкот, пожелно е да легнете околу половина час. Храната не смее да биде ниту премногу топла, ниту студена. Треба да се пијат најмалку шест чаши течности дневно, за да се спречи поголема концентрација во жолчката. Се препорачуваат топли чаеви и горки напитоци кои го поттикнуваат варењето. Храната треба да биде составена од јаглехидрати и од млечни производи, но се препорачува и конзумирање на месо во ограничени количини.

Јадете многу овошје, зеленчук и други намирници богати со витамин Ц и Е, како и намирници кои содржат есенцијални масни киселини. Користете ориз и интегрални житарки. За здравјето на жолчната ќеса помагаат и рузмаринот и шафранот.

Кога се јавуваат акутни болки, исхраната се ограничува на благ чај и засладена вода. Со подобрување на состојбата, во исхраната се вклучуваат свежи овошни сокови и варено овошје и зеленчук, гриз, ориз.

Два до три дена подоцна, се додава немасна супа со ориз, гриз или тестенини без јајца, разредено млеко и немасни кекси. Не се препорачува да се јаде пржена храна. Избегнувајте внесување на рафиниран шеќер, слатки и кофеин.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.09.2020 - 09:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега