Боки: Првата средба со Силјан Мицевски ми ја организираше Кирацовски
Проектот за изградба на станови не беше никаква измама или криминал туку реален проект. Како може да се помисли дека јас можам да го измамам еден Силјан Мицевски, истакна во воведните зборови Бојан Јовановски, пренесува „Република“.
Како доказ тој го наведе фактот дека се слушнал со Мицевски на денот кога бил уапсен на граница.
Ми рече, Бојанче, бидејќи така ме викаше, среќен пат и убаво да си поминеш-откри Боки.
Тој рече дека првата средба со бизнисменот Мицевски ја организирал Александар Кирацовски и оти на 4 јануари бил потпишан меморандум со Општина Битола.
23.07.2020 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа