Боки 13 со емотивна исповест: Остана единствен пријател за разлика од тие кои биле до мене да се офајдат

 

„Те сакам до небото и назад“, со овие зборови Бојан Јовановски-Боки 13 изрази сочувство до семејството на текстописецот Марина Туцаковиќ, на која и се одбележуваат шест месеци од смртта. Ја опишува како единствена која безрезервно го поддржувала. Посочи и нивни интимни моменти. Објавата е поставена на неговиот профил на „Инстаграм“ од страна на администратор, кој и по неговото притворање се грижи за неговите профили на социјалните мрежи.

„Покрај мојата мајка, таа беше единствената жена која ме сакаше безрезервно, ме сакаше онаков каков што сум, а не онаков каков сто сакале да бидам! Во безброј животни ситуации беше моја поддршка, пријател, другар, па на крај соработник кој ми пишуваше стихови за моите песни… беше единствена вистинска поддршка на моето семејство и на мене лично откако бев притворен и затворен, за разлика од многуте лажни пријатели, кои биле само пријатели за да се најадат, напијат и да се офајдат, Марина , нејзниот син Лаца, нејзиниот сопруг Фута останаа единствено добро во ова зло!“, напиша Јовановски, а објави администраторот.

„Марина, денеска кога се набележуваат 6 месеци од твоето заминување од овој суров свет, полн со лаги, невистини и неправди, не можам да ја прежалам твојата смрт и не можам да прежалам што не можев да те испратам онака како сто ти заслужуваше и што не можев да те видам и гушнам пред да заминеш, а ти знаеш колку јас и ти моја драга Зики ( така си се викавме), сакавме да се гушкаме, да си споделиме наши тајни и секогаш ми даваше совети…жалам и се каам што во 2010 година не те послушав, за еден човек за кои ми кажа дека најдобро ќе биде за мене да го тргнам од мојот живот, бидејќи само ќе ме искористи и емотивно и материјално и така бидна, баш како што ти велеше дека тој човек е како куче касапско, навикнато на месо, застанато пред касапница….но времето не се врака назад, но затоа иднината ни дава шанса да ги поправиме грешките и исправено да продолжиме понатаму, оптимистично и одлучно па ќе биде онака како што ти секогаш кажуваше, “BICE SVE DOBRO I BICE STO CE BITI”, се додава во објавата.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Boki 13 (@boki13official)

19.03.2022 - 13:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега