Бојан Јовановски познат како Боки 13, го објави долгонајавуваниот документарен филм „Рекет“, во кој објави фотографија од лидерот на СДСМ, Венко Филипче во неговиот дом, за кого вели дека бил чест гостин.
Јовановски го нарекува Филипче најпослушен министер на Зоран Заев кој бил поставен од Радмила Шеќеринска, но кога насетил моќ и пари се приклучил кон клонот на Заеви.
„Тука е и неговиот наставник Филипче. Филипче беше во мојот дом, кој да не кажам секој ден, беше чест гостин. Ова се фотографии од кај мене. Најпослушниот министер на Зоран Заев кој беше поставен од Радмила Шеќеринска. Но, потоа Венко Филипче некако се дистанцираше од Шеќеринска и се приклони кон клонот Заеви, бидејќи таму насети моќ, пари а Венко е љубител на пари“, вели Боки 13 во филмот.
Јовановски неколку месеци е веќе надвор од затвор поради здравствени проблеми, а деновиве беше осуден за „измама“ и „перење пари“ на пет години затвор.
По објавувањето дека е осуден на пет години, Боки се огласи за медиумите и објасни дека станува збор за стар случај од 2022 година, кој беше поништен и вратен на повторно судење.