Бојана Миленковска: Битката е ние Македонците подобро да живееме дома, а не во странство
-Ние младите не треба да се бориме за власт, туку преку власта да предизвикаме рестарт на целосно девастираниот систем. Вака размислува една млада девојка, која решила својот потенцијал да го вложува во политичка кариера. Бојана Миленковска е тим лидер на Македонски Младински Концепт и смета дека во Македонија се уште има шанса за добра политика во која младите ќе имаат можност и шанса за актвно грдење на здрава политичка агенда од која позитивни промени ќе доживее државата.
-И ние сме се запрашале што направи патриотизмот за младите да останат во нашата држава. Но не е прашањето што има направено, туку што треба да направи за да ги задржи младите и сите остнати. За тоа прашање треба да се превземат многу сериозни чекори и да се изнајдат решенија. Сум била во странство и знам како е да се биде далеку од Татковината и да се работи за туѓа Кауза. Не е доволно само да се наречеш патриот, туку како поединец и потоа и како група треба да се превземе она што е во моќ, за да се придонесе за својата држава и својата Кауза, вели Бојана Миленковска во интервју за Прес 24.
Нејзинато размислување дека „Битката е ние Македонците подобро да живееме дома, а не во странство“ е позната флоскула и на досегашната генерација млади политичари, но има ли таквата максима ефект без конкретна младинска политика.
-Држава има младинска политика, но таа има недостаток, бидејќи младите се третирани како проблем, а не како како ресурс. Ние сме потенцијал во човечките ресурси, а тие се највредни за секоја држава, вели Миленковска во интервјуто.
Како и на огромен дел од младите во Македонија, така и на Миленковска нерзабилрлив е бугарскиот пристап на политика кон Македонија, кој е полн со рецидиви од минатото.
-Ние во ММК сме фокусирани на тоа дали воопшто останаа можности за заедничка европска иднина. Бугарија се обидува да ја уништи нашата иднина, иднината на младите Македонци и за тоа мора да плати одередена цена. Не може да очекува ние да останеме рамнодушни на процесите кои се предизвикаа од таа држава, собено во рамки на институциите на ЕУ. Да ги тргнат рацета на минатото од нашата иднина. Ако има прогресивни млади Бугари, ние ги покануваме на дијалог. Но дијалог за иднината, за подобар живот тука на Балканот, за нов Балкан, а не за сказни од вековите кои одамна поминале, вели Бојана Милековска, тим лидер на ММК.
ПРЕС24: Што може да го фасцинира млад човек во Македонија да почне да се занимава сериозно со политика, ако искуството три децении плурализам покажува дека партиите се најголемата штета во македонското општество?
МИЛЕНКОВСКА: Македонија е парламентарна демократија, а таков систем не може да функционира без постоење на политички партии. Проблемот е што прогресивните партиоти се воздржуваат од партиски активизам и оставаат простор на печалбарите во политиката. Не може да се генерализира став за сите партии, бидејќи власта често се пренесува само помеѓу две или три партии, така мене ме импонира активизам во поразлична, проактивна, поквалитетна партија како што е нашиот Македонски Концепт. Ние младите не треба да се бориме за власт, туку преку власта да предизвикаме рестарт на целосно девастираниот систем. Треба да се освестиме и превземеме нешто, да се вмешаме и почнеме сериозно да се занимаваме со политика. Ние можеме да се избориме најдобро.
ПРЕС24: Дополнително, зошто на млад човек би му било предизвик да партиципира во политика преку маргинална партија која е далеку од шансите да се избори за учество во власта. Обично кога младите се активираат политички ги бираат партиите кои се носачи на власта или опозицијата, така се стекнуваат со влијание...
МИЛЕНКОВСКА: Тоа е најголема, ќе ја наречам грешка на младите, што се насочуваат повеќе на партиите кои се веќе носители на власата или опозиција, без да истражат и да видат дали таа партија има направено до сега нешто за нив, дали ќе се потруди и дали ќе го направи она што многупати го ветила. Да, нашиот Македонски Концепт може делуваат далеку од шансите да се избори за учество во власта, но секако дека тоа не е невозможно. Напротив, ние посветено работиме преку Македонски Младински Концепт, асоцијација во нашата партија, да ги зголемиме шансите, но пред се да ги нотираме вистинските потреби на граѓаните со цел да добиеме поддршка за тектонски промени на политичката сцена во земјава. Доволно беше од партии од кои слушаме многу празни ветувања, ММК како дел од МК се бори за вистински рестарт на системот во интерес на нашиот народ, особено на нас младите.
ПРЕС24: Еден од клучните проблеми на државата во континуитет е иселувањето. Прво беше на младите, потоа на интелектуалната сила, а сега речиси секој на кој ќе му се укаже шанса. Сега ако ве прашам зошто сте во Македонија, ќе речете од патриотизам. Но што патриотизмот направи за да младите, Македонците живеат подобро дома, отколку во странство?
МИЛЕНКОВСКА:Да во право сте, истото и ние сме се запрашале што направи патриотизмот за младите да останат во нашата држава. Но не е прашањето што има направено, туку што треба да направи за да ги задржи младите и сите остнати. За тоа прашање треба да се превземат многу сериозни чекори и да се изнајдат решенија. Сум била во странство и знам како е да се биде далеку од Татковината и да се работи за туѓа Кауза. Не е доволно само да се наречеш патриот, туку како поединец и потоа и како група треба да се превземе она што е во моќ, за да се придонесе за својата држава и својата Кауза. Затоа нашето мото е „Свои на Своето“, а такви можеме да бидеме само тука во нашата Македонија и никаде на друго место. Битката е ние Македонците подобро да живееме дома, а не во странство. Лесно е да избегаш од битката, тешко е да се носиш со предизвиците. Ние избравме да се избориме!
ПРЕС24: Што најмногу и недостасува на младинската политика во Македонија, ако воопшто државата има младинска политика?
МИЛЕНКОВСКА: Секако дека нашата држава има младинска политика, но таа има недостаток, бидејќи младите се третирани како проблем, а не како како ресурс. Ние сме потенцијал во човечките ресурси, а тие се највредни за секоја држава. Потребно е да ни се даде одговорност. Денес се уште младите не се запознаени за реалните можности во Македонија и бараат излез во странство. Никој не работи на промоција на домашните можности. Ниту ги креира, ниту ги промовира. Младинската политика, младинските организации и клубови кои активно ги вклучуваат младите во сите нивоа и играат централна улога во развојот на истите, треба го задржат фокусот на реалните решенија и можности за реалниот млад човек, а не на имагинарни политики и флоскули за наводна грижа за нас. Ние не сакаме никој да се грижи за нас, ние сакаме сами да си ја преземеме одговорноста за себе во свои раце. Дајте ни шанса, да покажеме дека можеме и знаеме како е најдобро за нас самите. Ние активистите во Македонски Младински Концепт сме убедени дека ќе успееме тука во Македонија.
ПРЕС24: Велат дека младите се движечка сила на општествата, но искуството во Македонија покажа дека најлошите политичари испаднаа младите. На што се должи тоа, на неискуство, незнаење, немање капацитет за носење одлуки, сервилност кон лидерите, неамбициозност, или пак едноставно претопување во општата политичка атмосфера?
МИЛЕНКОВСКА: Како што кажав, младите во нашата држава се недоволно известени и насочени кон политиката и колку можеме ние да делуваме во неа. Неискуството не значи дека младите не знаат, или пак, немаат капацитет за носење на одлуки, тоа со тек на време се учи. Младите секогаш се најамбициозни бидејќи они се тек на почеток за исполнување на нивните цели, кои само што ќе почнат или почнале да ги исполнуваат. До сега, најчесто шанса се даваше на младинци без вредносен систем во себе. Без персонален интегритет, само на обични извршители. „Јес бос“ типови. Ние во ММК исклучително сме внимателни на личниот вредносен систем, кој прво го носиме од домашното воспитување, сме го стекнале низ процесот на образование, но пред се сме се определиле да дејствуваме во насока на македонската Кауза, а не за личните агенди на поединци. Ние сме припадници на благороден народ, така и треба да се однесуваме како наследници на тоа достоинство.
ПРЕС24: Ајде малку за крупната политика. Треба ли Македонија да ги усвои уставните измени?
МИЛЕНКОВСКА: На Македонија и е потребен нов граѓански Устав, во кој централно место ќе има индивидуалецот, а не колективите. Помина времето на колективизмот, ние сме генерација на индивидуализмот и во иницијативата и во целите. Република на сите кои сме родени во Македонија, е идеалот на нашиот Илинден, кој до денес не наишол на конкурентна понуда. Ако некој има, нека повели со подобро решение.
ПРЕС24: Вашата партија заговара теза за граѓански устав, најавуваше референдум, но реално слабо иницијатива, освен декларативни заложби?
МИЛЕНКОВСКА: Тоа е единствено решение за излез од кризата. Партијата во рекордно време собра граѓански потписи во канцелариите на ДИК и поднесе иницијатива за референдум до Собранието. Таму надвор од Устав и закон за референдуми, се уште се чува киднапирана нашата иницијатива, со цел да се протуркаат на сила вакви решенија како француски предлог, кои се погубни за иднината на нашата генерација и спротивни на вредностите на ЕУ, кои ние младите ги обожаваме. Ние сме вонпарламентарна партија и имаме ограничени можности за дејствување во рамки на демократските норми.
ПРЕС24: Имаат ли Македонија и Бугарија заеднички историски периоди?
МИЛЕНКОВСКА: Сите на Балканот имаме нешто заедничко, на толку мал простор има премногу историја. Но ние во ММК сме фокусирани на тоа дали воопшто останаа можности за заедничка европска иднина. Бугарија се обидува да ја уништи нашата иднина, иднината на младите Македонци и за тоа мора да плати одередена цена. Не може да очекува ние да останеме рамнодушни на процесите кои се предизвикаа од таа држава, собено во рамки на институциите на ЕУ. Да ги тргнат рацете на минатото од нашата иднина. Ако има прогресивни млади Бугари, ние ги покануваме на дијалог. Но дијалог за иднината, за подобар живот тука на Балканот, за нов Балкан, а не за сказни од вековите кои одамна поминале.
ПРЕС24: Како Вие гледате на историскиот спор меѓу Скопје и Софија?
МИЛЕНКОВСКА: Злоупотреба на минатото за создавање на актуелни политички кариери на поединци. Ако немаат сказни од историјата, ќе останат без работа. Нашата партија МК е принудена да дејствува во самоодбрана на нашите македонски национални интереси и мислам дека тоа одлично го прави.
ПРЕС24: Кога ќе се разочарате од политиката, ќе заминете од Македонија, или ќе промените политичка опција?
МИЛЕНКОВСКА: Ние не сме во политиката од личен интерес, туку поради Кауза во која сме убедени, а Македонски Концепт е партија на Каузата. Ако постоело разочарување од Кауза, тогаш тоа немало да биде тоа, Кауза. Каузата е една и вечна, а борбата за неа може да биде и индивидуална и организирана во случајов во партија. Ако не си член на партија, не значи дека како поединец не можеш да се бориш за Каузата. Можеш да се разочараш од партија, дури и од самиот себе, но не и од Каузата. Заминувањето од Македонија не е решение за нашата разочараност, напротив треба да останеме и да се бориме да се промени разочараноста во гордост за наш успех. Тоа се секако решенијата за рестарт на системот, кои ќе ги донесеме ние младите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа