Богоевски: Заев нема да доминира со СДСМ после заминувањето

Поранешниот пратеник Павле Богоевски, во емисијата „Клик плус“, кажа дека според него, Заев нема да доминира во партијата, после неговото заминување.

Верувам дека е извесно напуштањето на премиерската функција од страна на Заев. Сепак, не се согласувам дека тој ќе доминира со партијата и после заминувањето од неа, изјави Богоевски. Тој го поткрепува ова мислење според фактот дека статутот на партијата не го дозволува тоа.


-Механизмите во СДСМ и фактот дека имаме директни избори на самото членство се механизми за осигурување дека СДСМ ги презема чекорите за да не биде султан партија, вели Богоевски.

 

01.12.2021 - 22:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега