Богоев: Законот важи за сите подеднакво, „Талир 2“ е потврда за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

 

Потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев за Телевизија 24 кажа дека законот важи за сите подеднакво и „Талир 2“ бил потврда за криминалот на ВМРО-ДПМНЕ

„Со оваа пресуда за предметот Талир 2 и низ целиот овој судски процес се расчистија поприлично дилеми кои што лебдеа во јавноста години наназад, странски медиуми и организации истражувачки меѓународни анализираа партии низ Европа и тие дојдоа до овој заклучок дека ВМРО – ДПМНЕ е најбогата партија“, порача Богоев за Телевизија 24.
 
„Се сеќавате во тоа време граѓаните се чудеа како се стекнува една партија со толку голем имот, како се гради од една мала, жолта, симпатична би рекол ретро куќа, како се доаѓа до една бела огромна палата и таа не е фигуративно да кажеме палата, впрочем и во ВМРО – ДПМНЕ ја викаат палата Христо Татарчев.“ поосчи Богоев.
 
Богоев истакна дека сега правдата е достапна за секого, дека нема недопирливи и дека ВМРО-ДМНЕ мора да се навикне на тоа. 
 

 

„Сега вулгализириаме и сега го користиме она дека се работи за седиште на политичка партија за тука да се прикаже во јавност дека ова сега е политички реваншизам дека ова власта на СДСМ и коалицијата му го прави на ВМРО – ДПМНЕ, се со цел преку оваа аргументација да се сокрие фактот дека бандитско здружение беше во ВМРО – ДПМНЕ претходно, потврдено во бројни пресуди, слушнато од населението и од граѓаните во бомби, во снимки, видено и почуствувано од граѓаните на своја кожа во многу наврати. Криминал е криминал, СДСМ, ВМРО – ДПМНЕ, кој и да е, ова е криминал. Докажан криминал, документиран, парите завршиле за изградба на криминална зграда која што за жал е седиште на политичка партија. Јас ова го заклучувам врз основа на првостепена, сеуште не правосилна пресуда од Основен кривичен суд.“ заклучи Богоев.
09.06.2022 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега