Богоев: Со СДСМ просечната плата расте и во време на криза

За СДСМ секогаш најважни биле интересите на граѓаните и тоа го покажуваме и за време на оваа светска економска криза, кога преку конкретни мерки го штитиме стандардот на граѓаните, истакна потпретседателот на партијата Стефан Богоев на трибината ,,Силно и одлучно кон иднината" што се одржа во Зрновци.
 
Богоев порача дека растот на минималната и просечната плата, растот на пензиите и пакетите помош кон граѓаните се доказ за успешноста на економските политики на Владата предводена од СДСМ. 
 

 

,,Денеска излезе податокот дека просечната плата во септември оваа година изнесува 32.553 денари што за над 12 отсто повеќе отколку за истиот месец лани. Тоа, делумно се должи и на зголемувањето на минималната плата на 18.000 што го направивме во месец март оваа година. Покрај платите растат и пензиите само за неколку месеци од март до септември пензиите ги зголемивме за околу 10 отсто,  а со двата пакета мерки обезбедивме над 750 милиони евра за помош на граѓаните и компаниите", порача Богоев.
23.11.2022 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега