Богоев со претставници на „Макам-Транс“: Во фокусот, олеснувањето на транспортот на стоки

Олеснувањето на трговијата и транспортот на стоки, модернизацијата на граничните премини, како и активностите кои Царинската управа ги спроведува во рамки на иницијативата Отворен Балкан, беа теми на денешната средба на директорот Богоев со претставниците на македонската транспортна асоцијација МАКАМ-ТРАНС, предводени од генералниот секретар Билјана Муратовска.

Од страна на асоцијацијата, изразија задоволство во делот на мерките што Царинската управа во континуитет ги презема во насока на унапредување на царинските процедури преку поедноставување на постапките, со цел забрзан проток на стоки и намалување на трошоците за транспортните компании.

Континуираниот дијалог и соработката со бизнис заедницата е од голема важност во креирањето политики за унапредување на трговијата и транспортот, велат од Царинската Управа.

04.07.2023 - 18:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега