Close Menu
Press24
    Најново

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет

    04.03.2026 во 23:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син
    • САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко
    • Хорор вечер за 65-годишен скопјанец, две лица му се заканувале со остар предмет
    • Макрон со апел до Нетањаху: Не влегувајте со војска во Либан, тоа е огромна грешка
    • 8-ми март ќе им го промени животот: Три хороскопски знаци ќе добијат награда што не се купува со пари
    • Мицкоски утре ќе присуствува на проширување на производните капацитети на „АКТИВА“ ДОО Штип
    • Велешанец со „форд“ се забил во бетонски скали од куќа – итно пренесен во болница со тешки повреди
    • Никако не ги внесувајте во домот – Kокичињата кријат темна страна
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Бог се јави – православните христијани го празнуваат Богојавление – Водици

    Бог се јави – православните христијани го празнуваат Богојавление – Водици

    19.01.2026 во 09:382 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Православните верници денеска го одбележуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици, кој се слави уште од вториот век. Според христијанското предание, на овој ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан, а празникот го носи името Водици поради големиот водосвет што го извршува црквата.

    И годинава продолжува вековната традиција на положување на Чесниот крст во осветените води. Скопската православна епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар.

    Како што информираат од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје, околу 160 граѓани годинава се пријавени за учество во фаќањето на крстот. Право на учество имаат лица во добра здравствена состојба, со лична карта и потврда од спортска медицина, додека малолетници можат да учествуваат со дозвола и присуство на родител.

    Одбележувањето на Богојавление во Скопје ќе започне во 9 часот со света архијерејска литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“. По литургијата, богојавленските литии заедно со свештенството ќе се упатат кон мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј Ин“, каде ќе се изврши водосветот, а околу 12 часот ќе биде положен Чесниот и животворен крст во водите на Вардар.

    Во Охрид, централната богослужба ќе се одржи во црквата „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, а богослужби и литии ќе има и во црквите „Св. Никола – Геракомија“, „Св. Никола“ во Долна Влашка Мала и „Св. Ѓорѓија“ во Горна Влашка Мала. Литиите ќе се соберат на Градското пристаниште, каде во 10 часот ќе се одржи големиот Богојавленски водосвет и ќе се положи Чесниот крст во водите на Охридското Езеро.

    Годинава, за првпат Чесниот крст во езерските води ќе го положи новиот митрополит Дебарско-кичевски, владиката Георгиј. Најавено е и присуство на претседателката на државата.

    Според народните верувања, оној што ќе го фати крстот ќе го следат среќа и благослов во текот на целата година, а се верува и дека со положувањето на крстот водите стануваат лековити.

    Согласно Законот за празници, Богојавление – Водици е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед.

    Популарно

    Министерот Тошковски стана татко по третпат – му се роди син

    04.03.2026 во 23:58

    САД открија кои четири цели на Иран мора да бидат збришани, авионите ќе удираат сè подлабоко

    04.03.2026 во 23:29

    Неколку скопски улици утре ќе останат без струја до 13 часот

    04.03.2026 во 19:11

    Петок е неработен ден за сите граѓани – доаѓа продолжен викенд

    27.02.2026 во 09:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.