„БНР“: Вклучувањето на Бугарите во Уставот не значи отворање на преговорите за Македонија

 

БНРобјави дел од извештајот на бугарското Министерство за надворешни работи, со кој се инсистирало да се вклучат Бугарите во Уставот на Македонија пред отворање на првиот кластер „Основни принципи“, а не пред официјалниот почеток на преговори со Европската унија (ЕУ).

„Со Скопје не е постигнат договор дека првата меѓувладина конференција (за отворање на пристапните преговори) ќе се случи откако Северна Македонија ќе ги вметне Бугарите во Уставот“, објави „БНР“.

Бугарското МНР исто така признава дека не е реално да се очекува дека сите држави членки на ЕУ ќе ја поддржат Бугарија во нивниот став за македонскиот јазик и идентитет.

22.06.2022 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега