Тешка сообраќајна несреќа попладнево предизвика целосен сообраќаен колапс на главниот влез во Скопје. Според првичните неофицијални информации, камион со кран удрило во семафорската конструкција, при што семафорот паднал директно врз моторџија.
Неофицијално, едно лице (мотоциклистот) е повредено и пренесено во болница.
Сообраќајот е во прекин или се одвива исклучително отежнато веќе подолг период.
Полицијата на терен ги пренасочува сите возила кон скопската обиколница за да се избегне целосен застој.

