Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, поддржани од колегите од Србија, Црна Гора и БиХ, денеска во 12:00 часот започнуваат со седумдневна блокада на граничните премини.

Кои гранични премини ќе бидат затворени?

Блокадата ќе го опфати товарниот сообраќај на следните точки:

  • Македонија: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце.
  • Србија: Граничниот премин Табановце – Прешево ќе биде затворен од српска страна.

Важно: Протестот за возила кои излегуваат почнува во 12:00 часот, додека влезот во државата ќе биде овозможен до 00:00 часот за возачите да можат да се вратат дома и да се приклучат на блокадите.

Што бараат превозниците?

Главниот проблем е правилото 90/180 дена за престој во Шенген-зоната, кое со новиот ЕЕС систем ќе се спроведува строго дигитално, со што професионалните возачи брзо ги трошат дозволените денови за престој.

„Главното барање е да се најде решение за престојот на возачите да не се евидентира како на обични туристи или да ни се издаваат визи кои не се лимитирани со број на денови. Ова ќе значи целосен колапс на економијата во целиот регион на Западен Балкан,“ изјави Билјана Муратовска од „Макам-транс“.

Реакции од бизнис секторот и Владата

  • Бранко Азески (Стопанска комора): Смета дека новите правила не решаваат ништо, а создаваат сериозни проблеми. Особено е жесток тонот на странските инвеститори во земјава кои веќе реагираат до претставништвото на ЕУ.
  • Александар Николоски (Министер за транспорт): Предупредува на поскапување на превозот за 3 до 5 проценти, што ќе ги направи македонските производи неконкурентни. „Засега решение нема, а Владата целосно ги разбира транспортерите,“ истакна тој.

Ставот на Брисел: Правилата не се променети

Од Европската комисија, пак, тврдат дека системот ЕЕС само ги дигитализира постојните правила и не воведува нови ограничувања.

„Државјани на трети земји без виза имаат право да останат во Шенген-зоната вкупно 90 дена во кој било период од 180 дена. Сè што е надвор од ова мора да биде покриено со виза за долг престој,“ појасни Маркус Ламерт, портпарол на ЕК.

Блокадите е најавено да траат седум дена, што претставува еден просечен циклус на превоз на стока, со цел да се изврши притисок врз Брисел за изнаоѓање на посебен статус за професионалните возач

Exit mobile version