Зоолошката градина Скопје соопшти дека нивното семејство на џуџести мармозети се прошири со две нови бебиња. Станува збор за најмалиот вид мајмуни на планетата, кај кои возрасните тежат најмногу до 100 грама.
„Двете бебиња се уште се тешко видливи со голо око. Тие постојано се на грбот на својата мајка, а за нив се грижи целата група“, стои во соопштението на скопската Зоолошка.
Овој вид е специфичен по тоа што целата заедница учествува во одгледувањето на младите, обезбедувајќи им заштита и храна уште од првиот ден.

