Блинкен: Користиме вештачка интелигенција за собирање руски информации

 

 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека Стејт департментот користи технологија за вештачка интелигенција за собирање руски информации.

Според него, потоа се проверува собраната информативна содржина за да се откријат дезинформации.

„Стејт департментот создаде агрегатор на онлајн-содржини за Украина што користи вештачка интелигенција за собирање и потврдување на руските дезинформации за да ги сподели со партнерите во светот за да промовира независни медиуми и дигитална писменост“, рече тој.

Блинкен додаде дека САД исто така работат со партнери и претставници од научната и образовната област за откривање лажни текстови, кои се генерирани од руски чет-ботови.

10.05.2023 - 15:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега