Вчера во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција.
Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Актуелно
- „Не се сеќавам дали ја убив мајка ми“: Заврши судењето за убиството во Штип, Зарков чека пресуда
- Фатен крадец во Пепелиште: Превезувал половина тон нафта во „ровер“
- Апсење на повеќе локации во Скопје: Приведени три лица
- ОЈО и МВР во акција: Се истражува дали на протестите против „Безбеден град“ имало поттикнување омраза и насилство
- МВР за протестите против „Безбеден град“: Во координација со Обвинителството преземаме мерки
- Грипот во Македонија зема уште една жртва
- Внимавајте што пишувате: Гостиварец заработи кривична за коментар под медиумска објава
- Падна измамникот од Охрид: Измислувал „лажни сообраќајки“ и земал 3,6 милиони денари

