Битолчанец запалил мопед - полицијата го приведе

 


Вчера на ул.„Партизанска” во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(29) од Битола.

Тој се сомничи дека околу 11.40 часот го запалил мопедот со битолски регистарски ознаки, сопственост на С.А. од Битола, кој претходно го управувал.

Увидот бил извршен и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

20.09.2024 - 16:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега