Вистинска среќа е што нема повредени лица во инцидентот кој попладнево се случи во строгиот центар на Битола.Стара и руинирана куќа се сруши, при што предизвика значителна материјална штета на неколку возила паркирани во нејзина непосредна близина.

Несреќниот случај е регистриран зад станбениот комплекс познат меѓу битолчани како „Зградата кај ЈАТ“. Овој простор често се користи како паркинг, што придонесе за штетата врз автомобилите кои се нашле на удар на градежниот шут.

Екипа на СВР Битола веднаш излезе на терен и изврши увид на местото на настанот. Полициските службеници ги документираа оштетувањата и зедоа изјави од сопствениците на оштетените возила. Овој настан повторно го актуелизира проблемот со старите и руинирани објекти во Битола. Во централното градско подрачје има и други такви куќи кои се оставени на забот на времето и претставуваат сериозна потенцијална опасност, како за паркираните возила, така и за безбедноста на минувачите.

Exit mobile version