Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Снег паѓа во Грција, се е замрзнато како среде зима

    17.10.2026 во 14:48

    Страшна бура во Шпанија: Загинаа две жени, војската и специјалните служби се на терен поради катастрофалните поплави

    19.10.2026 во 11:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тензично судење за „Пулс“: Вештакот на одбраната вели дека во објектот имало три влезови и излези, но не за евакуација
    • (ФОТО) Ѓорѓиевски: Зоолошката градина во Скопје се модернизира
    • ДИК со официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2.945 гласа, втор Јахиј од НАИ со 2.152 гласа, течат роковите за приговори
    • Започна реконструкција на водоводната мрежа на улица „Димитар Тодоровски“ во Битола
    • Лафчиски: Технологијата ја движи револуцијата во војувањето, но адаптацијата ја носи победата
    • Макрон: Ако е неопходно, ќе ги забранам протестите
    • Мицевска: Горан Бетон Герасимовски, каде е зеленилото во Центар?
    • Деца по полноќ си седеле во кафуле: Полицајците ги собраа и им ги предадоа на родителите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битола: Две училишта ќе работат со само 1 ученик – три се затвораат

    Битола: Две училишта ќе работат со само 1 ученик – три се затвораат

    01.09.2026 во 09:071 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Три подрачни училишта во битолските села Породин, Канино и Дихово во новата учебна година ќе бидат ставени во мирување поради недостиг на ученици, соопшти градоначалникот Тони Коњановски. Истовремено, ќе се оптимизираат и 13 паралелки во осум основни училишта во прво и шесто одделение.

    Учениците од училиштата што се ставаат во мирување ќе продолжат со настава во најблиските училишта, а Општината ќе обезбеди превоз. Коњановски нагласи дека училиштата формално не се затвораат и можат повторно да профункционираат доколку има ученици.

    Во Поешево и Кременица, пак, подрачните училишта ќе продолжат да работат иако во секое од нив има само по еден ученик, по барање на родителите. Во уште пет подрачни училишта нема запишани првачиња, но наставата продолжува бидејќи има ученици во повисоките одделенија.

    Во Општина Битола годинава се запишани 665 првачиња, четири повеќе од лани. Вкупно во основното образование има 6.903 ученици, а во средните училишта 2.914. Од Општината велат дека со оптимизацијата ниту еден наставник нема да остане без работа.

    Прочитај повеќе

    Тензично судење за „Пулс“: Вештакот на одбраната вели дека во објектот имало три влезови и излези, но не за евакуација

    19.10.2026 во 16:17

    (ФОТО) Ѓорѓиевски: Зоолошката градина во Скопје се модернизира

    19.10.2026 во 16:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.