Битиќи: Во првите 48 часа АДА има услужено 1321 граѓанин, АДА ја зголемува транспарентноста, ефективноста и ефикасноста во јавниот сектор
„Транспарентност, ефективност и ефикасност е целта која ја сакавме и која се постигнува со АДА веќе во првите 48 часа од нејзиното лансирање.
АДА е дигитална алатка, дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција, кој дава информации и услуги за граѓаните и бизнис секторот.
Во оваа фаза АДА обезбедува првични информации и податоци за потенцијалните и постоечките инвеститори. Крајната цел на разговорот со АДА е да ги поврзе инвеститорите и граѓаните со вработените административни службеници, од соодветната институција, со цел заокружување на процесот преку потпишување на договори за финансиска поддршка за инвестиции или апликација на некој од повиците на ФИТР.
АДА за граѓаните на едно место ги сумира сите потребни информации и ги води во процесот додека да го најдат она што вистински одговара на нивните потреби, од удобноста на нивниот дом или работно место, а друга страна ги унапредува работните места, процесите и ефективноста и продуктивноста на вработените во јавниот сектор.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа