Битиќи: Укинувањето на Балансерто е чекор кон уништување на меѓуетничката хармонија

 

Укинувањето на алатката „Балансер“ е чекор кон уништување на меѓуетничката хармонија, смета пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи.

Во гостување на ТВ21 рече дека не е оптимист за иднината државата.

-Тоа е чекор кон нарушување на меѓуетничката хармонија во државата, но е и против основните основи на Уставот, односно правичната и соодветната застапеност е еден од основите и основните принципи во Уставот. Не можете да укинете алатка или механизам кога Уставот вели дека мора да имате такво нешто, изјави Битиќи.

31.10.2024 - 11:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега