Битиќи: Раководителите на институциите може да ја изгубат работата ако не штедат струја
Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вели дека раководителите на државните институции може да ја изгубат и работата ако не штедат струја.
Во вечерашното гостување на Канал 5 телевизија, Битиќи уште еднаш повтори дека во пребродувањето на кризата треба да учествуваат сите, а јавните институции мора да бидат пример за совесно однесување.
Според вицепремиерот, рестрикции на струја засега нема да има и не се превидени.
-Нашето однесување не може да биде како што било некогаш. Лагодноста може ќе ја изгубиме, но тоа е новиот начин на живеење на кој ќе мора да се прилагодиме, рече Битиќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа