Битиќи: Поднесени тужби против сите компании кои не исплатија средства на вработените

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во емисијата „ЕУКлик“ на ТВ21 посочи дека против сите компании кои не ги исплатија средства на вработените откако земаа владина помош е покрената тужба.

„Деновиве добив интересно прашање, ме прашаа – ќе им помогнете ли на компаниите кои не им ги исплатија платите на работниците? Против сите компании кои не ги исплатија финансиските средства што ги земаа од државата е покрената тужба“, истакна Битиќи.   

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.09.2020 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега