Битиќи: Отписот на камати ќе биде во период од 5 месеци, граѓаните поединечно ќе бидат повикани

Законското решение се подготвува, а граѓаните навремено ќе бидат информирани и ќе имаат доволно време. Тоа ќе биде во период од 5 месеци, поединечно ќе бидат повикани со распоред кога можат да отидат во јавните комунални препријатија, изјави на прес-конференција, вицепремиерот задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи на прашањето како ќе се одвива отпишувањето на каматите на долговите на граѓаните, согласно петтиот пакет економски мерки.

Според вицепремиерот, условите се граѓаните да имаат долгови постари од 3 месеци и да имаат желба за да ги подмират обврските во еден момент кон иституциите, на кои што должат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.02.2021 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа