Пратеникот од редовите на СДСМ, Фатмир Битиќи вечерва гостува на Бизнис21 на ТВ21. Со Битиќи дебатираме на економски теми. Според него, во овие две години од владата, нема ниту една спроведена политика за справување со кризата.
„За жал не гледам владини политики за справување со кризата, ниту за помош на економијата. Пуштено е стихијно да си тече, а тоа не се вика политика. Затоа некој може да тврди, еве да имавме опонент од другата страна, ќе прашав да ми каже една политика за овие две години која е спроведена“, рече Битиќи.


