Close Menu
Press24
    Најново

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран

    16.03.2026 во 23:15

    По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз

    16.03.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје
    • Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран
    • По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз
    • Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
    • Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

    Битиќи: На крај на годината во буџетската каса фалат една милијарда евра

    27.11.2025 во 19:213 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Фатмир Битиќи, предупреди дека фискалните показатели објавени на 25 ноември 2025 година откриваат сериозен јаз во приходната реализација на Буџетот. 

    Наместо планираната динамика, државата досега наплатила близу 299 милијарди денари, што е само 82,32% од годишниот план, оставајќи дупка од над 64 милијарди денари или  1,04 милијарди евра, средства кои треба да се обезбедат до 31 декември годинава. 

    Во прашањето уaптено до заменик министерот за финансии, Николче Јанкуловски , пратеникот Битиќи праша по кој ставки, во кои износи и од кои извори  ќе се обезбедат приближно 64,07 милијарди денари (околу 1,04 милијарди евра) за целосна приходна реализација до 31.12.2025 година, дали со дополнително задолжување и на кои финансиски пазари, дали со вонредни и еднократни приходи и дали може јавно да се гарантира дека заради „буџетско затворање“ на годината нема да се доцни со поврат на ДДВ, нема да се создаваат нови доспеани, а неплатени обврски кон фирмите и нема дополнително да се кратат капиталните расходи.

    Во продолжение е интегралното обраќање на пратеникот Битиќи:

    „Според последните достапни податоци, пред два дена, поточно на 25.11.2025 состојбата со Буџетот се реализирани приходи од близу 299 милијарди денари, што значи реализација од 82,32%. Евидентно е дека на приходната страна недостигаат околу 64,07 милијарди денари (1,04 милијарди евра) за да се стигне до 100% реализација до крајот на годината, односно до 31.12.2025. 

    Истовремено, расходите се на 329,735 милијарди денари (81,67%), додека капиталните расходи, односно парите кои треба да ја зголемуваат продуктивноста во економијата, застанати се на 23,507 милијарди денари или 49,64%. Доколку се погледне структурата и динамиката на приходите во Буџетот, ќе се види дека од тековните извори на финансирање нема да може да се обезбедат овие милијарди евра кои ќе недостигаат до крајот на годината. 

    Евидентно е дека приходната страна на Буџетот не ја следи сопствената проекција и од ден во ден, како се приближува крајот на годината, расте ризикот или потребата од ново задолжување, одложување на финансиски обврски кон стопанството и граѓаните, селективни доцнења на поврат на ДДВ.

    Заклучно со 31.10.2025 даночните приходи и придонесите се реализирани со 78,61% од планираното (од 250,922 милијарди денари), што значи дека во последните два месеци од годината треба да се „надомести“ повеќе од една петтина од целата годишна наплата, амбиција која историски ретко е остварлива без вонредни мерки. 

    Подсекторскиот пресек е уште поалармантен. Оваа приходна конфигурација на Буџетот зборува за тоа дека е производ на преценета наплата, потценети ризици и затворен процес на планирање кој ја оддалечува фискалната политика од развојните цели“, образложи Битиќи.

    Популарно

    Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите

    16.03.2026 во 21:50

    Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

    16.03.2026 во 22:00

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба

    16.03.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.