Битиќи му одговори на Мицкоски: Нема потреба од разговор во четири очи зад затворени врати
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи одговори на поканата за средба на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски го повика Битиќи да разговараат за надминување на кризата, откако премиерот Димитар Ковачевски не се јави за ТВ дуел.
„Во среда е закажан Економски совет во широк формат, кој се обидовме да биде продуктивен и конструктивен за време на корона кризата. За жал опозицијата таа шанса за покажување на дело грижа и совесност не ги покажа, напротив не се одважи да дојде па започна со блокада, па активна блокада на Собранието.
Граѓаните знаат дека јавно веќе скоро три години ги повикувам на соработка и одговорност, со цел справување со кризата.
Еве, повторно, вратите се отворени, решенијата секогаш се наоѓаат на маса на која сите седиме заедно. Нема потреба од разговор во 4 очи, зад затворени врати. Комплексноста на оваа криза од нас бара да се кренеме над себе, бидејќи солидарност, одговорност и колективна мудрост е она што ќе не изнесе низ неа“, напиша Битиќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа