Бислимоски потврди: Нови цени на горивата од полноќ

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски денеска најави дека ќе има поевтинување на нафтените деривати.

– Денес дизелот се намалува за половина денар, а бензинот за еден денар. Тоа што е на берзите се преточува во одлуки, изјави Бислимоски за телевизија 24.

Со тоа од утре дизелот ќе чини 103,5 денари по литар а бензините 108 односно 110,5 денари.

Во однос на новиот тарифен модел за струјата, Бислимоски појасни дека има механизми за да се заштитат потрошувачите. Зголемувањето за сметка од 3.000 денари, тврди Бисломоски, би било од 150 до 200 денари.

04.07.2022 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа